Попоски изрази сочувство по повод нападите во Египет

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до неговиот египетски колега, Самех Шукри, по повод нападите врз црквите во градовите Танта и во Александрија во Египет.

– Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Египет. На повредените им пожелувам брзо закрепнување. Република Македонија најостро го осудува чинот на тероризам што претставува напад врз Египет, врз египетското единство, и воопшто врз универзалните вредности на човештвото. Даваме силна поддршка на Египет и на меѓународната заедница во борбата против сите форми на тероризам и екстремизам, стои во писмото од министерот Попоски, соопшти МНР.

Според последните информации, најмалку 25 лица ги загубија животите, а 59 беа повредени во коптската црква во Танта, додека во нападот во Александрија, загинаа 11 лица.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија