Потпретседателот на СДСМ Манчевски во посета на Шведска

Од:

Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски кој е во работна посета на Кралството Шведска, денеска оствари куса средба со премиерот на Шведска, Стефан Лефвен, соопшти СДСМ.

Во рамки на посетата, остварени се повеќе политички контакти со високи претставници на Социјалдемократската партија на Шведска, којашто е и владејачка партија во земјата, на коишто е изразена јасна поддршка на демократските процеси во Македонија. На Конгресот на Социјалдемократската партија на Шведска, Манчевски имаше состанок со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Волстром. Министерката Волстром пренесе очекување за деблокирање на Собранието во Македонија, избор на претседател и брзо формирање нова реформска Влада, во интерес на граѓаните и на Република Македонија.

Потпрестедателот на СДСМ се сретна и со Јенс Нилсон, пратеник во Европски парламент и со Бјорн фон Сидоф, пратеник во шведскиот Парламент, поранешен претседател на Парламентот и поранешен министер за одбрана. Во рамки на посетата на Шведска, потпретседателот Манчевски, заедно со Пири Ниеми, пратеник во шведскиот Парламент и член на тамошната Комисија за надворешни работи, одржа мини трибина на којашто присуствуваа и Македонци од тамошната дијаспора. Тема беше ситуацијата во Македонија. На трибината констатирана е потребата од итна деблокада на Собранието и избор на нова реформска Влада, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ