СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да најде здрав разум и да овозможи мирен трансфер на власта

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ мора да најде здрав разум и да прифати дека е опозиција. Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги држи во заложништво граѓаните и Република Македонија. Во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои знаат дека криминалците во нивната партија ја загрозуваат иднината и на нивните деца и тие имаат обврска да постапат разумно.

Мора да има трансфер на власта, тоа е мнозинската волја и ВМРО-ДПМНЕ И Горге иванов се должни да овозможат мирен трансфер на власта!

Волјата на мнозинството граѓани е јасна и исто така 700.000 граѓани, преку 67 пратенички мандати имаат право и обврска да го изберат новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада.

И тоа ќе се случи согласно Уставот, Деловникот и законите.

Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смее да поттикнува насилство врз мнозинството од граѓаните и парламентарното мнозинство, поради заштита од одговорност за своите криминали.

Не смее да прават поделби и да шират омраза помеѓу граѓаните за заштита на криминалните и нафтени платформи.

Покрај јасно изразената волја на мнозинството од граѓаните за промени, и целата демократска меѓународна заедница повика на почитување на демократските принципи, на здрав разум и на мирен трансфер на власта.

Неколкумина криминалци нема да ја одредуваат иднината на нашите деца“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!