Норвешката полиција приведе едно лице откако синоќа во центарот на Осло пронајдена и деактивира експлозивна направа.
Полицијата не наведе повеќе детали за инцидентот, но блокира поголем дел од градот.
Сонителниот предмет – кутија со димензии 30 на 30 сантиметри бил откриен во трговската улица во Гронлан, мултиетнички кварт со голем број барови и ресторани, како и неколку џамии.
Во квартот живеат голем број имигранти од Африка и од Блискиот Исток, а лоцирана е и главната полициска станица на Осло.