Пет луѓе се повредени во нигерискиот град Мајдугури во самоубиствен напад пред џамија.
– Две жени самоубијци загинаа откако едната го активирала експлозивот што го имала на себе откако била запрена во обидот да влезе во џамијата во Мајдугури, изјави портпаролот на полицијата на сојузната нигериска држава Борно, Виктор Исуку.
Државата Борно е честа мета на напади на исламистите од Боко Харам, фракција поврзана со Исламска држава. Над 20.000 луѓе се убиени, а 2,6 милиони лица се раселени од почетокот на бунтот на Боко Харам во 2009 година.