Познати се двојките за четвртфиналето во Евролига

Од:

Со комплетирањето на натпреварите од 30. коло во групната фаза, познати се двојките за четвртфиналето во кошаркарската Евролига.

Последната рунда ја промовира екипата на Дарушафака како последен патник во ТОП 8, каде турската екипа за противник во четвртфиналето ќе го има најдобриот тим од регуларниот дел на сезоната Реал Мадрид.

Актуелниот шампион ЦСКА Моксва која заврши како второ пласирана за место на фајнал-фор турнириот ќе угра против шпанската Басконија.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ со својата екипа Фенербахче за противник ќе го имаат составот на Панатинаикос, кој ќе ја има предноста на домашниот терен при евентуална мајсторка.

И последната четвртфинална пресметка ќе биде грчко-турска во која ќе играат Олимпијакос и Анадолу Ефес.

Четвртфиналето ќе се игра во три добиени натпревари, а првите средби се закажани за 18 април, додека евентуалните мајсторки би се играле на 2 мај.

Завршниот фајнал-фор турнирот во Евролигата сезона ќе се игра во Истанбул во периодот од 19 до 21 мај.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска