Дарушафака со победа над Црвена Звезда се избори за осмото место во Евролигата

Од:

Кошаркарите на Дарушафака со победата 78:62 постигната вечерва против директниот конкурент Црвена Звезда го освоија осмото место и се пласираа во четвртфиналето од плеј офот.

Турската екипа триумфот го навести со одличниот почеток (10:0) и имаше водство во текот на целиот натпревар. Гостите од Белград се доближија на почетокот на последниот период на негатива од четири поени (55:51), но немаа сили за пресврт, притоа натпреварот го завршија со само една погодена тројка од 16 обиди. Најефикасен на дуелот беше Бред Ванамејкер со 22 поена.

На вториот натпревар кој заврши вечерва ЦСКА Москва – Олимпијакос 90:86. Во тек се натпреварите: Армани Милано – Казан и Реал Мадрид – Анадолу Ефес.

На вчера одиграните дуели од последното коло: Басконија – Жалгирис 79:84, Макаби – Панатинаикос 61:81, Бамберг – Галатасарај 79:84 и Фенербахче – Барселона 68:65.

Табела: Реал Мадрид 22-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 22-8, Олимпијакос 19-11, Панатинаикос 19-11, Фенербахче 18-12, Анадолу Ефес 17-12, Басконија 17-13, Дарушафака 16-14, Црвена Звезда 16-14, Жалгирис 14-16, Барселона 12-18, Галатасарај 11-19, Бамберг 10-20, Макаби 10-20, Армани Милано 8-21 и Уникс 7-22.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска