Одбележан Денот на прилепските пчелари

Од:

Со свечена литургија во манастирот Света Петка во прилепското село Лениште, Здружението на пчелари од Прилеп „Братство“ го одбележа патрониот празник Свето Благовештение.

Празникот е познат уште како Ден на прилепските пчелари и медари. На одбележувањето присуствуваа и пчелари од другите градови, како и градоначалникот Марјан Ристески.

– Овој празник се слави 17-ти пат како Ден на прилепските пчелари и е во организација на здружението „Братство“, рече Дејан Бошкоски, претседател на Здружението на пчелари од Прилеп „Братство“.

Пчеларите секоја година избираат домаќин, а годинашниов, членот на здружението Марјан Петроски, им посака успешна година.

– Ова е убав момент да се дружиме, да поразговараме, има многу теми за дискусија, не само проблемите во пчеларството, туку и како да бидеме поуспешни. Посакувам годинава да биде поуспешна за разлика од лани кога имавме намален принос, рече претседателот на земјоделското здружение „Агро фаланга“ од Велес Љупчо Станкоски.

И за Општината, производството на мед е значајна гранка. Како што нагласи градоначалникот Ристески, многу е битно пчеларите да имаат усшена година.

– Традиционално во Прилеп за празникот Свето Благовештение се слави денот на медарите, денот на пчеларите, кои ги има во голем број во Прилепско. Производството на мед значи многу за економијата на нашиот град, затоа локалната самоуправа дава секогаш голема поддршка на здружението. Освен за бизнис, одгледувањето пчели може да биде и хоби, граѓаните некогаш може да направат комбинација и од двете работи и да заработат и да се релаксираат, изјави Ристески.

Празникот Свето Благовештение беше одбележан со с вечена литургија беше одбележан и во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп, позната како „Стара Црква“. Со литургијата чиноначалствуваше владиката Петар според кој, Благовец е празник на благата, добра и радосна вест и чест.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена