„100 Илјади поети за промена“ на Саем на книга 2017

Од:

На 8 април 2017 година од 17:00 до 18:00 часот, како дел од годишната програма на Саемот на книгата (Промо Центар), Македонската ссоцијација на издавачи во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ организираат ревијално едночасовно поетско читање на дел од поетите учесници на меѓународната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Дел од изданијата на стихозбирката „100 Илјади поети за промена“ ќе можат да се купат во рамките на Саем на книга 2017 на штандот на Издавачката куќа „Полица“, а организаторот на манифестацијата и поетот Митко Гогов ќе гостува за дружење со читателите.

Од околу 220 автори кои се вклучија на конкурсот, во зборникот по претходна селекција се застапени 60 автори, меѓу кои Звонко Танески, Марина Мијаковска, Стефан Марковски, Михајло Свидерски, Драгана Евтимова, Исток Улчар, Моника Стојановска, Гаврило Миловановиќ, Биљана Стојановска, Стефанов Стевчо, Славица П. Диневска, Мартин Богатиноски, Славица Гаџова Свидерска, Д.А. Лори, Јовица Ивановски, Горана Митровиќ, Тихомир Јанчовски, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Ана Голејшка, Иван Шопов, Викторија Мирческа, Андреј Ал-Асади, Мануела Златкова…

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои се дел од ова движење обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку овие читање ќе се согледа дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Ќе се види дали може да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика.

Ова е прв пат манифестацијата „100 Илјади поети за промена“ да биде дел од Саемот на книга во Скопје, со помош на остварената соработка меѓу Македонската Асоцијација на Издавачи, Издавачката куќа „Полица“ и Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска