Фрлањето отров за кучиња е кривично дело – средба кај Жерновски со ПС Центар и здруженија за заштита на животни

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги повика на состанок командирот на Полициска станица- Центар и претставниците на “Анима Мунди“, Асоцијацијата на активисти за права на животните и граѓани-љубители на животни поради трагичната појава на поставување отров за кучиња, особено во Дебар Маало и Капиштец.

Грозоморните слики од отруени кучиња ја прелеаа чашата, бидејќи ова е опасност не само за миленичињата, туку и за луѓето, особено децата. За спречување на оваа појава, заеднички се договорени, помеѓу другото, и превентивни мерки, како што се делење флаери со јасно напишана порака дека поставувањето на отров е кривично дело – предизвикување општа опасност и е казниво по закон.

Отровот се расфрла на јавни површини, тревници, паркови, детски градинки.

„Му благодариме на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, што покрена ваква иницијатива и организираше средба. Се договоривме полицијата да биде присутна на терен и да се работи на едукација во наредниот период“, рече Стојан Велковски од „Анима Мунди“.

За вакво дело следуваат законски казни, дециден беше командирот на ПС „Центар“, Дарко Милевски.

„За вакво кривично дело нема толеранција. Договоривме превентивни мерки и укажавме дека ќе следуваат и санкции“, рече командирот Милевски.

Општина Центар и градоначалникот Жерновски беа први кои иницираа ваква средба, на која отворено се разговараше и се договорија наредни состаноци за наоѓање решение.

„Општина Центар нема изворни ингеренции за конечно и целосно решавање на проблемот со труење на животните, и затоа е неопходно вклучување на сите надлежни институции, за да конечно се преземат конкретни и решителни чекори за спречување на труење на домашните миленичиња. Нема да дозволиме граѓаните и домашните миленици да бидат доведени во опасност. Секој кој ќе направи вакво нешто, треба да знае дека му следува казна“, рече Жерновски.

Граѓаните кои ќе констатираат дека некаде има фрлено отров, треба да се јават во полициска станица, на телефонскиот број 192.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски