СДСМ: Мнозинската волја ќе се испочитува според Уставот и Деловникот

Од:

„Демократските процеси ќе продолжат и мора да се овозможи мирен трансфер на власта според мнозинската волја на граѓаните.

Спречувањето на мнозинската волја оди на штета на сите граѓани, на штета на државата и институциите. ВМРО-ДПМНЕ не смее да ја држи државата во заложништво само за да спаси неколку криминалци.

Ниедна закана, или насилна реторика, или провокација, од страна на Никола Груевски ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го спречи.

За целата домашна и мегународна јавност е јасно дека Груевски и Иванов штитат криминали преку Парламентот и институцијата претседател на државата, а не државните интереси.

Државните интереси ги одбранија граѓаните кога ги препознаа лагите за федерализации, тендецниите за бинационална држава на ВМРО-ДПМНЕ, како и желбата да се остане на власт за да се шират нафтени и бизнис платформи на фамилијата.

Околу 700 000 граѓани затоа на кредибилите избори гласаа за напредок, заедништво, интеграција и добар живот за сите.Тоа е преточено во парламентарното мнозинство од 67 пратеници кое што има право но и обврска да избере нов претседател на Собранието и нова Влада.

За демократски промени сите се залагаат во државата освен Никола Груевски и тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Мнозинската волја ќе се испочитува според Уставот, Деловникот на Собранието и законите. Македонија ќе добие легитимен претседател на Собранието, функционално Собрание и реформска Влада посветена на интересите на граѓаните на Р.Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски