Новиот дом мораше со обем да се вклопува со надворешните страни на постоечката шупа. Исто така архитектите беа соочени со вертикално ограничување и мораа да останат под нивото на соседните куќи, што доведе до дизајнирање на ново подземно ниво.
На приземјето се наоѓа дневна соба, кујна и бања, која е споена со спалната соба.
За да се зголеми светлината во целиот ентериер дизајнирани се три надворешнио дворови, кои се сместени меѓу три одвоени сегменти. Низата стаклени и метални врати ги разфвојуваат површините и дозволуваат сончевата светлина да го осветли ентериерот.
Панели од кедар се вертикално поставени на ѕидовите како почесни амблеми на минатото на имотот и парцијално продолжуваат во одредени делови на ентериерот создавајќи континуитет.