Белгиската полиција денеска соопшти дека откри и заплени 1,25 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува над 60 милиони евра.
Дрогата, распределена во 25 пакети од по 50 килограми, е пронајдена во белгиски територијални води. Се уште не е утврдено како пакетите со кокаин се нашле во морето.
Пакетите со дрогата биле забележани во неделата од екипажот на дански брод и биле известени белгиските власти.
Исфрлање на пакети со дрога во близина на европскиот брег се почесто се користи од илегалните трговци со наркотици од Јужна Америка, а нивните соучесници со чамци ги собираат пакетите за да ја избегнат царината на пристаништата.