Со натпреварот меѓу Фенербахче и Барселона кој ќе се игра вечерва во Истанбул од 19:45 часот ќе започне последното, 30.коло во кошаркарската Евролига.
Најголемо внимание во оваа рунда ќе привлече утрешниот меч меѓу Дарушафака и Црвена Звезда, по кој ќе биде познат и последниот осми тим кој ќе обезбеди пласман во четвртфиналето. Победникот од овој натпревар ќе се пласира во разигрувањето.
Двојки за денеска:
Фенербахче – Барселона,
Бамберг – Галатасарај,
Макаби ТА – Панатинаикос и
Басконија – Жалгирис.
Утре играат:
ЦСКА Москва – Олимпијакос,
Дарушафака – Црвена звезда,
Милано – Уникс Казан и
Реал Мадрид – Анадолу Ефес.
Досега во ТОП 8, место обезбедија: ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Олимпијакос, Фенербахче, Басконија, Панатинаикос, Анадолу Ефес.