Сите љубови на хрватските владетели

Од:

Експрес – Загреб

Хрватската историја во 20 век ја одбележаа пет владетели: царот Франц Јозеф, кралот Александар Караѓорѓевиќ, Анте Павелиќ, маршалот Јосип Броз – Тито и претседателот Фрањо Туѓман и сите тие освен што биле политичари, државници и војсководци или диктатори, крвници и злосторници, имале и свои животни сопатнички кои оставиле печат на нивното владеење.

Последниот австриски цар и унгарски крал, неговото апостолско величество Франц Јозеф, на 24 години се оженил со 16-годишната баварска принцеза Сиси.

Како што се наведува, младата царица со импозантна брзина родила три деца. Но, таа не се грижела за традиционалниот монарх и по шест години брак го напуштила за да го помине животот на многу патувања.

Дури по 20 години осаменост царот нашол љубовница и тоа во ликот на најпознатата виенска глумица Катарина Шрат, за што, како што се тврди, австриската јавност не му замерувала.

На езерото Бад Икл тој на глумицата и направил вила, која ја нарекол по нејзиното презиме, во која двојката во голема дискреција се дружеле се до смртта.

Српскиот историчар Петар Станковиќ во својата книга „Крал без земја и принцеза без чеиз” напиша дека кралот Александар Караѓорѓевиќ бил многу „поразвратен” од својот претходник, кој владеел со хрватските земји.

Како млад кадет во Петроград имал многу авантури, а повеќе пати учествувал и во двобои во кои никој не бил повреден.

Накратко се смирил кога се оженил со романската принцеза Марија со која имал три деца.

Меѓутоа, тој не престанал со „средбите за една ноќ”.

Докторката Дениса Легац наодамна наведе дека на дворот на Караѓорѓевиќ постоела цела „институција” која се грижела за сместувањето на неговите вонбрачни деца по околните села.

А по некое време, кралот, како што се наведува, нашол постојана љубовница на која и купил куќа на Лисичји Поток, во непосредна близина на дворот.

Се тврди и дека многу посериозна врска за кралот била таа со претставничката на Црвениот крст, докторката Шарлота Дупре.

Кралот често патувал во монденското одморалиште Буљарица на „лекување” за да се забавува со својата докторка.

Од таа врска се родила и вонбрачната ќерка на кралот, Јелена Караѓорѓевиќ и како најголема тајна на кралското семејство била криена цели 17 години.

Кралицата Марија, за која се зборувало дека во годините пред брак била многу слободна жена, не му останала должна на својот сопруг, па и таа имала повеќе љубовници и тоа офицери од Кралската гарда.

За разлика од царот и кралот, лидерот на НДХ Анте Павелиќ немал љубовница за која би се знаело, но затоа на својата сопруга Марија родена Ловренчевиќ и дозволил да му ја крои политиката и да се меша во сите пори на државната политика.

Својата идна сопруга ја запознал во 1910 година во адвокатската канцеларија на тогашниот лидер на Хрватската партија на правото.

Тој се вработил како нотар, а таа работела како секретарка.

На идниот автор на расните закони на НДХ, на диктаторот кој во логорите уби илјадници невини луѓе, не му пречело што мајка и била Еврејка и тие биле во врска цели осум години, се до венчавката во 1918 година.

Како вистински голем католик тој се воздржувал од вонбрачен секс.

По склучувањето на бракот за кратко време им се родиле три деца, а Марија постепено го претворила Павелиќ во свој роб.

За ништо не одлучувал сам, а на тоа се чудел и германскиот генерал во НДХ, Глајз фон Хорстенау.

Тој во својата книга „Меѓу Павелиќ и Хитлер” напишал дека никогаш во животот не видел таков „папучар“ и дека не му е јасно како таков карактер и морално слаб лик воопшто можел да води каква било држава.

Љубоморната Марија ги бирала најблиските соработници на Павелиќ, но и ги уништувала сите кои ги мразела. Соработниците на Павелиќ со причина ја нарекувале „крвавата Мара”.

Точниот број на жените на Тито и неговите љубовници не се знае.

Сепак се знае дека Тито во руското заробеништво во 1919 година прво се оженил со Пелагија Бјелусова, но по Војната таа како што се наведува побегнала од него.

Тито потоа се оженил со Германката Ана Кенинг, која ја предал и ја пратил во сталинистички логор, додека партиската курирка Херта Хас ја оставил во рацете на Гестапо, па се запознал со студентката по француски јазик Даворјанка Пауновиќ.

Според тврдењето на најблискиот соработник на Тито, Стане Доланц, доживотниот југословенски претседател, наспроти љубомората на Јованка Брос, имал и љубовни афери со оперски пејачки, а познато е дека во 70-те години од минатиот век за „неговата потенција се грижеле две масерки”.

И Туѓман, како и Тито, сакал да биде во близина на убави жени, но се тврди, и бил верен на својата Анкица.

Од опширната биографија на Фрањо Туѓман може да се дознае дека тој на прагот на својата адолесценција можеби „попуштил пред убавината на својата макеа Олга, со која татко му се оженил по смртта на мајка ну Јустина”.

Наводно таткото ги затекнал заедно, а Фрањо со години се каел и го криел тој настан.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ