Филипинскиот претседател наредил окупирање на спорни острови во Јужнокинеското Море

Од:

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека и наредил на војската да распореди свои единици долж гребенот и пустите острови во Јужнокинеското Море, кон кои Манила има територијални претензии, а таквиот чекор може да го разлути Пекинг.

Дутерте објасни дека и наредил на армијата да се распореди и да создаде инфраструктура на малите острови од архипелагот Спратли.

– Им наредив на вооружените сили да ги окупираат сите острови. Изградете таму инфраструктура и поставете филипинско знаме, истакна филипинскиот претседател за време на посетата во воената база на островот Палаван, во западниот дел на Филипините.

Кина го смета за своја територија дечиси целото Јужнокинеско Море, но Манила и други земји во Југоисточна Азија, исто така, имаат територијални претензии.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски