СДСМ: Целата меѓународна заедица се огласи, Иванов и Груевски да не кочат формирање на нова влада

Од:

„Ѓорге Иванов и Никола Груевски не смеат повеќе да штетат на граѓаните и на државните интереси на Република Македонија доведувајки ја во ризик стабилноста на земјата.

Мора што побрзо да се овозможи избор на новата реформска Влада.

Ова е волјата на 700.000 граѓани, изразена на кредибилни избори преку легитимно мнозинство од 67 пратеници. Но ова се и децидни очекувања од целата демократска меѓународната заедница изразени преку најконкретни пораки до Иванов, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои го кочат демократскиот процес во Македонија.

Најновите апели дојдоа од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и од пленарната седница на Европскиот парламент.

Европратениците повикаа да се овозможи “земјата да продолжи по евроатлантскиот пат“ како и да се спроведуваат реформи, наместо политичари “да ги насочуваат своите поддржувачи кон улични протести што предизвикуваат меѓуетничка недоверба и нетолеранција“.

Со писмо, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, повикувајки се на став на сите членки на НАТО синоќа апелираше “да се почитува правото“, партиите да се воздржат од “реторика што сугерира делби и разгорува етнички тензии“, а лично на Иванов му порача да ги почитува Уставот и демократските норми!

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, претходно укажа дека на декларираното мнозинство според Устав и закон мора да му се овозможи да го избере новиот претседател на Собранието, како и да се овозможи натамошно одвивање на процесите со брзо формирање на новата Влада!

Во име на лидерите и институциите на ЕУ, директна порака во Македонија пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск кој лично на Иванов му укажа дека се потребни демократски начела, пристојност и здрав разум!

Посебно се огласија и европратениците Иво Вајгел, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн кои учествуваа во олеснувањето на политичката криза во Македонија. И тие оценија дека неоправдано се пролонгира кризата со последици на влошување на меѓуетничките односи и повикаа на нејзино надминување преку спроведување на демократските процеси.

Претходно, еврокомесарот Хан повика Иванов веднаш да го даде мандатот на цврстото мнозинство, а високата претставничка за надворешна и безбедноста политика Могерини испрати сериозна порака да престане играњето со оган и да се овозможи избор на нов претседател на Собранитето на Р.Македонија.

Овие пораки од мегународната заедница доаѓаат по очекувањата на граѓаните на Македонија да се реализира мнозинската волја на изборите за промени и правда!

СДСМ укажува дека е неопходно Иванов и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да штитат лични криминални интереси и веднаш да одговорат на својата обврска за деблокада на демократските процеси и мирен трансфер на власта. Ќе има нова реформска Влада во Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

Кузеска: СДСМ најостро го осудува нападот, владата да престане да ја заштитува мафијата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

(ВИДЕО) СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи