Вујчиќ: Кризата во „Агрокор“ ќе има последици врз хрватскиот БДП

Од:

Кризата во концернот „Агрокор“ речиси сигурно ќе има последици врз бруто домашниот производ на Хрватска, а тоа влијане посебно ќе се почувствува доколку проблемите не се решаваат плански и координирано, изјави гувернерот на Хрватската народна банка (ХНБ), Борис Вујчиќ во интервју за загрепскиот весник „Вечерњи Лист“.

Според гувернерот, сè уште не се познати многу фактори околку неа, како ниту начинот на кој ќе се реструктуира овој најголем хрватски концерн.

Тој најави дека ХНБ континиурано се грижи за состојбата на хрватскиот банкарски систем и дека нема да дозволи врз него да се одрзат загубите со кои ќе се соочат банките во Хравтска поради „Агрокор“ .

– ХНБ постојано ги следи банките во обид да ја гарантира сигурноста на финансискиот сектор и им препорачува да ја намалат изложеноста на ризични инвестиции, потенцира Вујчиќ.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин