Жерновски: Победа за ГТЦ

Од:

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски реагира на одлуката на Уставниот суд да ја испитува законитоста за доградување на барокната фасада на ГТЦ. Еве што напиша Жерновски:

„ПОБЕДА ЗА ГТЦ!
После цели две години од референдумот за ГТЦ, може конечно да се каже дека победивме. Јас секогаш верував во исправноста на одлуката да се одржи референдум за ГТЦ. Многумина ја исмејуваа одлуката, ја сметаа за наивна, но не беше така. Она што го постигнавме беше многу значајно за борбата и иднината на ГТЦ. Секогаш верував во искреноста на сите оние кои ја поддржаа иницијативата „Го сакам ГТЦ“. Верував во сите кои беа дел од гушкањето на нашиот ГТЦ и кои се бореа да го задржи неговиот автентичниот изглед.
Одлуката на Уставниот Суд, со кој се спречува владата да одлучува која ќе биде иднината на ГТЦ, е зрак светлина во темнината во која тонеше македонското судство со години. Конечно една одлука во интерес на граѓани и согласно законите. Се надевам дека ова е само почеток на враќањето на состојбите во нормала и одбрана на интересите на сите граѓани.
Иниицјативата „Го сакам ГТЦ“ докажа дека граѓанскиот активизам не е залуден. Дека само со истрајност и искрени намери може да се спречат лоши владини одлуки. Искрени честитки до нив!
Ова треба да биде поттик за сите граѓани активно да се борат за своите права“.

Денеска уставните судии со мнозинство гласови одлучија да поведат постапка за испитување на уставноста на членот 50 од Законот за просторно и урбанистичко планирање со кој овие објекти се прогласуваат за објекти од посебен интерес. Според овој член, Владата може без никакви критериуми, по своја желба, волја, потреби и вкус, да донесе одлука да прогласи објект што е од посебен интерес и да го изменува, растура, доградува, преправа.

Уставните судии денеска донесоа времена мерка со која се запираат сите активности на владата додека Уставниот суд не се произнесе за спорниот член 50 од законот.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар