Учесниците на меѓународната конференција во Брисел, што беше организирана од Европската унија, денеска ветија нова хуманитарна помош за Сиријците во висина од најмалку шест милијарди долари во 2017 година.
– На конференцијата беше дадено „колективно ветување“ за шест милијарди долари само во 2017 година, нагласи еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Силианидис, при крајот на конференцијата.
Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини нагласи дека ќе обезбеди помош за сириските бегалци во Либан и Јордан, како и за хуманитарните дејности во Сирија.
Јордан и Либан предупредија дека примањето на сириски бегалци ги подложува на се поголеми притисоци земјите во регионот, според нив, тоа може да доведе до социјални немири и да го разгори екстремизмот.