Убиена 64-годишна велешанка

Од:

Сосед на сега починатата најпрвин вербално со закани ја нападнал неа и нејзините син и снаа. Откако осомничениот тргнал кон нив со себе носејќи земјоделска алатка и нож, оштетените влегле во нивната куќа и се заклучиле. Осомничениот ги продолжил своите намери и кршејќи ја влезната врата веднаш ја нападнал сосетката нанесувајќи и тешки телесни повреди. Синот и снаата се обиделе да и помогнат, но и тие биле нападнати и тешко повредени од страна на сторителот. Поради здобиени тешки телесни повреди, жената била однесена во ЈЗУ Општа болница во Велес, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје, но им подлегнала на повредите, соопштуваат од Основното јавно обвинителство.

Вршејќи увид на лице место, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес наредил прибирање на сите траги од лице место, одземање и натамошно вештачење на оружјето со кое е извршено кривичното дело, дадена е и наредба за вршење обдукција на телото на починатата.

Дејствијата преземени од страна на обвинителството продолжуваат во насока на расветлување на фактите во предметот.​

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите