Европскиот Парламент денеска усвои резолуција во која се повикува на преговори во фази во процесот на „развод“ од Велика Британија, што е во спротивност so желбите на Лондон.
Велика Британија побара преговорите за нејзиното излегување од Унијата и разговорите за идната трговска спогодба да се изведуваат истовремено.
Пратениците во Европскиот Парламент со големо мнозинство гласови ја усвоија резолуцијата – за неа гласаа 516, 13 беа против, додека 50 беа воздржани.