(ВИДЕО) Николовски: Со криминалци не планираме да преговараме

Од:

Љупчо Николовски од СДСМ кажа дека нивната партија не планира да преговара и разговара со криминалци, со што кажаа не, на шпекулациите за лидерска средба.

Според него, по паузата СДСМ и коалицијата ќе се вратат на седницата, но останува нивниот став дека нема да се јавуваат за реплики и контра реплики.

Николовски кажа дека имаат план за деблокирање на Собранието, но не го кажа планот конкретно.

СДСМ има стратегија и план како да се одблокира Собранието, заедно со 67-те пратеници кои дадоа потпис за формирање на реформска влада.

Имаме право и обврска, согласно Устав, Закон и Деловник да избереме собраниски спикер.

До денеска дозволивме граѓаните да видат какви пратеници седат во Собранието и што тие штитат. Амнестија на криминалци нема да има и нема да прифатиме, рече Николовски.

Тој кажа дека мора да има нова влада која ќе ги исплати задоцнетите субвенции и праша каде се над 300 милиони евра, кои министерот Кирил Миновски ги земал на почетокот на годината.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ