Заеднички руско-американски проекти за освојување на Вселената

Од:

Русија и САД разработуваат планови за проширување на соработката во Вселената, што ќе вклучуваат и летови вон орбитата на Земјата, изјави извршниот директор за пилотски вселенски летови на Роскосмос, Сергеј Крикаљов.

– Меѓународните форуми продолжуваат. Русија, САД и други земји работат на планови за иднината. Моментно се разгледува што ќе се случува по (проектот на) Меѓународната вселенска станица. Ако почнеме да се движиме вон земјината орбита, како тоа да го направиме најефективно…, рече Крикаљов, нагласувајќи дека предизвиците можат да бидат совладани само со заеднички напори и здружени сили.

Прашан дали влошувањето на односите помеѓу Москва и Вашингтон ќе се одрази негативно врз сето тоа, тој одговори дека не гледа никакви проблеми.

– Периоди на затегнати односи отсекогаш имало, но неопходно е да се бараат начини за нивно подобрување. Вселената е добро место за соработка, каде што ќе мора да си помагаме еден на друг, додаде Крикаљов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина