Во ракометниот плеј-оф од Супер лигата вечерва се игра еден натпревар од 2.коло. Екипата на Охрид ја пречекува екипата на Борец од Велес. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.
Дербито на колото утре во Битола го играат Пелистер и Металург. Избраниците на Лино Червар по неделната победа над Вардар сега имаат тешко гостување на „жешкиот терен“ во салата „Младост“. Двете екипи во првото коло постигнаа победи.
Натпреварот од 2.коло меѓу Работник Еурофарм и Вардар е одложен поради настапот на македонскиот првак на „фајнл фор“ турнирот во СЕХА лигата во Белорусија.
На чело на табелата со по три бодови се Охрид, Пелистер и Металург.