„Вашингтон Пост“ тврди дека имало „тајна“ американско-руска средба во ОАЕ

Од:

Американскиот весник „Вашингтон Пост“ тврди дека во јануари годинава, имало „тајна средба“ меѓу американски бизнисмен, симпатизер на Доналд Трамп и Русин, близок до претседателот Владимир Путин.

Средбата ја организирале Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а според весникот, целта на ова „сокриено„ среќавање и разговорите , била да се обезбеди „позадински канал„ за комуникација меѓу официјална Москва и тогаш новозибраниот американски претседател.

Разговорите на неименуваните соговорници, се одржале на девет денови пред инаугурацијата на новиот претседател.

Откритието на весникот доаѓа во време на веќе покренатите истражни работи на ФБИ и на американскиот Конгрес, околу тоа дали имало руско мешање во претседателските избори од ноември минатата година, како и за врските и комуникацијата на луге од тимот на Трамп, за време на кампањата, со руски функционери и разузнавачи.

Досега админстрацијата на претседателот Трамп беше под притисокот да мора да ги демантира сите вакви врски и сомничења.

Но, уште во 2015 година, ФБИ ги има посочено, Виктор Подобни, како и Игор Споришев и Евгениј Бурјаков, како тројца оперативци на руската агенција за разузнавање- СВР.

Според медиумите во САД, за Подобни се знае дека се среќавал со луге кои подоцна се нашле во тимот на политички советници за изборната кампања на Трамп за претседател.

Во март 2016 година, оваа „руска тројка„ биле прогласени за виновна, поради заговор за шпионирање во полза на Русија.

ФБИ не успеал да ги уапси Подобни и Споришев, затоа што во меѓувреме ја напуштиле територијата на САД, но третиот член- Бурјаков бил затворен , а потоа и осуден на 30 месеци затвор.

Иако првите двајца од „руската тројка„ не се изведени на судење, американското министерство за правда има издадено соопштено во кое се вели дека „истрагата открила оти тие дејствувале како руски шпиони“.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува