СДСМ: Неопходно е Груевски да се помири дека тука е крајот на нафтените платформи!

Од:

„Демократските процеси во најбрзо време ќе продолжат со избор на нов претседател на Собранието и мандатат за формирање нова Влада според мнозинската волја на граѓаните!

Недозволиво е за нафтени платформи и бизниси до последен момент на Сашо Мијалков и Никола Груевски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја блокираат работата на Собранието, а Ѓорге Иванов да не го дава мандатот за да штитат криминали на сметка на државните интереси.

Затоа е таква последната јасна порака од лидерите и институциите на ЕУ, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск лично до Иванов.

Потребни се демократски начела, пристојност и здрав разум!

Затоа е таква и вчерашната порака на амбасадорот на САД, Џес Бејли, дека на декларираното мнозинство според Устав и закон мора да му се овозможи да го избере новиот претседател на Собранието, како и да се овозможи натамошно одвивање на процесите со брзо формирање на новата Влада!

Имаше кредибилни избори, има мнозинство според Уставот, Ѓорге Иванов и Собранието мора да дозволат процесот да се придвижи напред.

Иванов и Груевски не смеат повеќе да работат на создавање бинационална држава и да го кочат заедништвото, кое е јасно нагласено за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Интеграциите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.

За заедништво се изјаснија над 700.000 граѓани на Македонија, чиишто гласови се преточени во 67 пратенички мандати.

Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани. И ова е единствениот документ кој ги обединува сите граѓани и сите политички партии во Собранието, освен ВМРО-ДПМНЕ што граѓаните ја оставија во опзиција. Неопходно е Груевски да се помири со тој факт.

Тој нема кого да интегрира. Граѓаните се одлучија за промена на криминалната власт.

И волјата на мнозинството ќе биде испочитувана. Македонија ќе добие нова реформска Влада која ќе ги врати демократијата, правдата и слободата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски