(ВИДЕО) Локвенец: Чиста петка за 5 илјади нови работни места!

Од:

„Пророштвото на Маите вели дека светот ќе го снемало на 21.12.2012. Сигурно е дека овие бабини деветини нема да се остварат, ама исто така е сигурно дека и нашиот град пропаѓа во беда и сиромаштија“, вели Хари Локвенец, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ.

Сега е 12.12.2012, и е 5 до 12. Ама навистина е 5 до 12. Крајно време е да најдеме излез од бедата и сиромаштијата. Ни треба развој на економијата, нови работни места и повисок животен стандард. Ни треба НОВА НАДЕЖ за Прилеп!

Затоа сакам да Ви го презентирам нашиот проект „Чиста петка!“. 50, 500, 5000 ! Ќе обезбедиме 50 милиони евра инвестиции, 500 акумулации и услови за 5,000 нови работни места! Чиста петка за новата надеж во Прилеп!

За да тргне Прилеп напред треба да создадеме 5,000 нови работни места. Тоа е потребно за да ги задржиме младите, и да го кренеме животниот стандард. Како ќе го направиме тоа?

Со развој на земјоделието и на индустријата. Тоа се двата столба за развој на прилепската економија. Затоа ќе обезбедиме 50 милиони евра инвестиции од буџетот на општината, од домашни и странски инвестиции и од европските фондови.

Ќе изградиме 500 микроакумулации. Со тоа ќе порасне вредноста на 20.000Ха земјоделско земјиште, ќе има подобар и побогат род, поголем принос, повеќе пари за земјоделците.

Заедно со гасификацијата која ќе ја спроведеме по примерот на Струмица и Куманово, ќе зајакне индустријата во градот. Трошоците за енергенси ќе се намалат за 40%, што ќе значи заштеда за фирмите, зголемување на профитабилноста и можност за отворање нови работни места.

За разлика од Марјан Ристески кој потроши 120 милиони евра, а оствари 0 акумулации и 0 нови работни места, уште еднаш ќе ви кажам дека проектот „Чиста петка!“ предвидува инвестиции од 50 милиони евра, 500 акумулации и 5,000 нови работни места

Прилеп е град со богати ресурси, но за жал со сиромашни граѓани.

Мои прилепчани, заслужувате повеќе и подобро, и затоа ќе работиме домаќински и транспаретно!

Не го предлагам проектот „Чиста петка!“, затоа што тоа е лесно и примамливо, туку затоа што е неопходно и остварливо. Неопходен е економски развој, повисок стандард и нови работни места. Потребна ни е нова надеж. Затоа ни треба чиста петка. Ни помалку, ни повеќе.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски