СДСМ: Оваа власт покажа дека нема план за европската перспектива на Република Македонија

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изрази искрено жалење поради тоа што Македонија по четврти пат не доби датум за почнување преговори за членство во Европската унија. Ова е уште еден пораз на европските перспективи на земјата, кој доаѓа во чувствителен момент, сметаат од СДСМ. Без дилема, главната причина за овој неуспех е токму неправедниот спор околу нашето уставно име, што Република Грција ѝ го наметна на Република Македонија, притоа злоупотребувајќи ги позициите и привилегиите кои ѝ ги овозможува членството во Европската унија.

– Македонија добива сѐ полоши услови за исполнување на својата евро-атлантска интеграција. Ако до 2006 година, придржувајќи се до привремената спогодба, Македонија нижеше успеси во евро-атлантските интеграции со употреба на привремената референца, од 2008 г. па наваму, целосното решавање на спорот околу името се наметна како основен услов за нашето понатамошно интегрирање, и притоа овој услов од билатерално прашање, прерасна во услов со сè поголема поддршка од самата Европска унија.

Од СДСМ се зачудени и бараат одговор од власта според кои податоци и сознанија, неколку месеци таа ширела лажен оптимизам и посочувала на позитивен исход и добивање датум за преговори.
– Која ѝ беше целта на власта, толку многу да ги подгрее очекувањата, за вчерашното соочување со реалноста, граѓаните да го доживеат толку жално и поразително – рече Андреј Петров од СДСМ.

Според него, 6 години надворешната политика на земјава нижела сè поголеми и поголеми порази. Од вчера, освен спорот за името со Грција, на Македонија ѝ се наметнале и нови услови „под превезот на доборососедските односи кои ги испорача Бугарија“, смета Петров.

– Цената на погрешните политики и неспособноста на оваа власт да ја исполни и спроведе европската и евро-атлантската агенда на Република Македонија, наместо власта, ќе ја плаќаат сите граѓани на Република Македонија. Оваа власт покажа дека не само што нема успех, туку нема ни решение, нема план за остварување на европската перспектива на Република Македонија. На Македонија ѝ е потребен нов пристап во справувањето со своите предизвици, а оваа владејачка гарнитура, сосема сигурно, тоа не може да го испорача – потенцираше Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Морбидни обвинувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

СДСМ: Инфлацијата беснее, животот е сè поскап, а Мицкоски продава шарени економски лаги

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДС се обидува да дефокусира од својата внатрешна криза со подметнување на пожари?

СДСМ: Македонија тоне во нов бран на растечка инфлација

А1он

(ВИДЕО) Јанчева: Орце Ѓорѓиевски е градоначалник на партијата, не на граѓаните