Земјоделци од Струмичко бараат исплата на субвенциите

Од:

Регионалниот синдикат на земјоделски производители денеска пред Подрачната единица на Минситерството за земјоделство, шумарство и водостопанство организира предупредувачки протест.

– Бараме исплата на субвенциите. Земјоделците се уште не ги добија парите и покрај ветувањата на надлежните, изјави претседателот на регионалниот синдикат Ристо Велков.

Ова се, рече, последни предупредувачки апели до Министерството за финансии и Платежната агенција.

Велков побара и решавање на политичката криза, како и формирање влада, зашто, во спротивно, според него, се кочат процесите во аграрот.

Денешниот слаб одѕив на протестот го оправада со наводни закани, дека земјоделците нема да добијат субвенции ако излезат на протести.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади