Во Брисел се одржува дводневна конференција на која се разговара за хуманитарна помош за Сирија.
На неа се присутни претставници од повеќе од 70 држави и меѓународни организации.
– Наша морална обврска е да се ангажираме за луѓето во Сирија, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилјанидис.
– Зголеменото страдање бара посилна акција,и заеднички одговор. Тоа е наша цел денес, како подобро да помогнеме и да ги надминеме предизвиците, додаде тој во обраќањето на отворањето на конференцијата.
Главна тема за дискусија е имплементација на помошта вредна 12 милијарди долари, договорена на средбата на донатори во Лондон во 2016 година.
– Нашата заедничка мисија е јасна – да се достави помош за луѓето на кои им е потребна во овие трагични услови, додаде еврокомесарот.