А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МНР: Тирана да прекине со провокации и да работи на добрососедство

by А1он04/04/2017 - 10:34100
Share0

По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, во Министерството за надворешни работи на Република Македонија вчера бил повикан на разговор амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

– На средбата беше потенцирано дека изјавите на претседателот на Владата и министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија, се наведува во соопштението од МНР.

Воедно, се додава, било истакнато дека ваквите пораки се сериозна провокација за добрососедството кое сакаме да го негуваме и дека тие прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика.

– Она што ни треба во регионот, е обединување околу интеграцијата во ЕУ, мир и економски напредок. Затоа, апелиравме да се прекине со провокациите, да се почитува сувереноста и да се работи на планот на добрососедството, за доброто на сите во регионот, стои во соопштението од македонското МНР.

mnr

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски08/03/2026 - 08:4108/03/2026 - 08:41

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

Горан Наумовски05/03/2026 - 09:43

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:2704/03/2026 - 14:28

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

Горан Наумовски04/03/2026 - 12:20

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

Горан Наумовски03/03/2026 - 11:38

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија

Горан Наумовски02/03/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен