Две лица загинаа во сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица загинаа во вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две со тешки телесни повреди се здобиле две лица, во шест полесно повредени се седум лица, а во четири е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 18 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и кај 16 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 44 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 49 возила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче