Словачкиот претседател потпиша измени на Уставот

Од:

Словачкиот претседател Андреј Киска потпиша измени во Уставот со кои пратениците ќе може да ја поништат амнестијата воведена од поранешниот премиер Владимир Мечијар со која беше спречена истрага за киднапирање на синот на поранешниот претседател Михаил Ковач.

Авторитарниот Мечијар беше голем политички соперник на сегашниот претседател. Тој ја доведе државата до меѓународна изолација во 90-те години и е обвинуван дека е одговорен за киднапирањето на синот на Михаил Ковач во Австрија во 1995 година.

Во четвртокот парламентот одобри уставни промени. Пратениците сега може да разгледаат поништување на амнестијата уште оваа недела. Последната инстанца е Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти