СДСМ: Ќе одговараат функционерите од културата кои со години го криеле својот имот и оние кои ги штитат!

Од:

„Мора итно да се деблокира работата на Собранието и граѓаните на Македонија да ја добијат новата реформска Влада, којашто ќе обезбеди независни државни и контролни институции за граѓаните.

Никогаш повеќе да не се повтори директори и функционери, како тие поставени од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе државни и национални установи, да не доставуваат анкетни листови за нивната имотна состојба.

Станува збор за повеќе лица назначени од ВМРО-ДПМНЕ во културата, кои се појавуваат и како водачи и организатори на протестите во коишто се злоупотребуваат граѓани за партиски цели на Никола Груевски.

Требаше СДСМ да ги обелодени случаите на прес конференција за овие лица да бидат приморани да достават анкетни листови, што според законот, биле должни да го направат најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето.

Овие податоци треба да бидат јавно достапни на веб страницата на Антикорупциската комисија.

Иако директорите блиски до режимот тоа не го сториле со месеци, дури и по неколку години од изборот и именувањето, нема известување од Антикорупциската комисија дека е поведена каква било постапка за одговорност поради законски прекршувања.

Да се работеше за кој било друг граѓанин, до сега ќе му беа изречени казни во илјади евра или барања за понесување друг вид одговорност. Ваквото селективно работење на Атикорупциската комисија е уште еден доказ за партиската окупираност на институциите против што гласаа мнозинството граѓани на изборите, кога избраа промени.

Нова реформска Влада на граѓаните ќе овозможи независни институции и неселективна примена на правдата и законите, а сите кои ги прекршувале или биле соучесници во нивно криење ќе одговараат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента