Посетата на премиерот на Албанија, Еди Рама на Црна Гора е силна потврда на добрососедските односи меѓу двете земји, изјави денеска црногорскиот премиер Душко Марковиќ.
Тој на заедничката прес-конференција со Рама, посочи дека владите на двете држави ќе работат на унапредување на соработката и најави одржување на заедничка седница во Скадар во октомври.
Марковиќ и се заблагодари на Албанија за поддршката за Црна Гора на евроатлантскиот пат.
Рама за најавената заедничка седница на двете влада истакна дека тоа претставува нов циклус на односите меѓу Црна Гора и Албанија.