Пирати киднапираа индиски комерцијален брод во близина на брегот на Сомалија, изјави денеска поранешен сомалиски официјален претставник од Агенцијата за борба против пирати.
– Бродот со 11 членови на екипажот бил киднапиран во саботата, изјави Греам Гибон Брукс од британската поморска организација за безбедност.
Бродот што е киднапиран, пловел од Дубаи кон јеменското пристаниште Мукала.
Минатиот месец пирати во близина на сомалискиот брег киднапираа танкер, но подоцна беше ослободен.