Забрана за влез во Косово со српски таблички

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, за Танјуг изјавил дека, од 15-ти јуни на автомобилите со српски регистарски таблички што имаат префикс на косовските градови ќе им биде забранет влез на Косово преку граничните премини Јариње и Брњак на северот на покраината.

„Рокот за пререгистрација нема да биде продолжебн“, изјавил Реџепи.

Уредбата за задолжителни косовски таблички се однесува на целата територија на Косово вклучувајќи го и северниот дел каде Србите се мнозинство и каде не се признаваат косовските закони.

Реџепи рекол дека очекува Еулекс, следната недела да забрани движење на возила со спорните регистaрски таблички преку премините на северот, и дека е добре претставниците на Мисијата на ЕУ на Косово да го спроведат ова.

Шефот на белградскиот тим за дијалог со Приштина, Борислав Стефановић, пред неколку дена изјави дека, со постигнатиот договор за слободно движење, не е предвидено Србите на север на Косово и Метохија да користат косовски регистерски таблички.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина