Битолскиот поет Панде Манојлов доби големо признание од Палестина

Од:

Македонскиот поет, битолчанецот Панде Манојлов доби големо признание за неговото поетско творештво и стиховите посветени на Палестина и страдањата на палестинскиот народ.

Признанието од држвата Палестина на Манојлов му го врачи доктор Ахмед Ал Мадбоух амбасадор на Палестина во Република Бугарија. Според зборовите на Манојлов, ова високо признание е и признание за целиот македонски народ, за Република Македонија и Битола – градот во кој живее и создава.

– Првата песна посветена на Палестина ја објавив во 1982 година во весникот „Нова Македонија“ и за овој временски период од 35 години за страдањата на палестинскиот народ објавив и други, над педесетина песни кои се препеани и објавени во петнаесетина арапски држави, но и во САД, Руската Федерација, Унгарија и други држави. Неколку песни со оваа тематика се објавени и во реномираните изданија на „Палестина хроникл“ и „Палестина телеграф“, изјави за МИА битолскиот поет Панде Манојлов.

Панде Манојлов е автор на двесет и две книги поезија, проза и театарска критика. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и негов актуелен секретар.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ