ВМРО-ДПМНЕ со осуда за инцидентот во Куманово

Од:

„ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува денешниот инцидент во Куманово во кој што од јарбол беше симнато Македонското државно знаме и на негово место беше истакнато албанското.

ВМРО ДПМНЕ бара итно откривање и најостро санкционирање на сите сторители на овој вандалски и антидржавен чин со кој што се гази врз македонското национално достоинство.

ВМРО ДПМНЕ предупредуваше дека тргувањето и преговарањето околу највисоките државни и национални интереси носи огромни потенцијални ризици.

Од тие причини ВМРО ДПМНЕ укажуваше дека тиранската платформа мора да биде отфрлена и осудена од сите политички чинители, бидејќи ја доведува во опасност иднината на суверена и унитарна Република Македонија.

Револтот од таа платформа постојано расте.

Заради тоа народот е на нозе!

Заради тоа Македонија се буди“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Раководството на сметководственото биро Левица во џеб ставило над два милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се стави крај на судството кое функционира во полза на дружината предводена од Филипче

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

(ВИДЕО) Мицкоски: Јасно е кој ќе победи на изборите, ние веќе правиме план за денот потоа

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ додека глумат револуционери ја користат партијата за лично богатење

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ