Глумецот Мет Дејмон изрази желба да се врати во филмскиот серијал „Борн“, каде улогата на Џејсон Борн последен пат ја играше во филмот „Борнов ултиматум“ во 2007 година. Го наследи Џереми Рене во улога на агентот Арон Крос во филмот „Бороновото наследство“.
Дејмон во октомври изјави дека веројатно никогаш повеќе нема да ја игра таа улога, но сега за „Акцес Холивуд“ рече дека се надева дека сепак ќе се врати на серијалот.
– Секогаш сум бил отворен за таа опција. Го сакам тој лик и го сакам тој серијал, меѓутоа проблем е да се пронајде соодветна приказна. Како повторно тој лик да се врати во случувањата? Ако тоа успееме да го решиме, ќе снимиме филм, рече Дејмон.
Глумецот откри дека за новиот „Борн“ филм разговарал и со Пол Грингрс кој ги режираше „Борновата надмоќ“ и „Борновиот ултиматум“.
– Разговараме за многу работи, а Џејсон Борн секогаш се наоѓа меѓу нештата за кои расправаме бидејќи тој е голем и важен дел од нашите животи. Би сакале повторно да работиме на тоа, но тешко е работите да се доведат на вистнското место, додаде Дејмон.