Речиси половина од Косовците не ги поддржуваат разговорите со Белград

Од:

Повеќе 60 отсто од граѓаните на Косово актуелната политичка состојба ја оценуваат како лоша, додека 48 отсто не ги поддржуваат политичките разговори помеѓу Белград и Приштина, покажуваат резулатите од анкетата спроведена од косовскиот Центар за безбедносни студии на тема „Косовски барометар на безбедноста“.

Како што јави дописникот на МИА, околу 52 отсто од испитаниците не му веруваат на изборниот систем на Косово, додека 55 проценти од анкетираните Срби веруваат во политичките разговори.

Анкетата потврдила дека мнозинството од Косовците се оптимисти оти нивните примања во текот на наредната година ќе се зголемат.

Најмногу доверба косовските граѓани имаат кон безбедносните сили и тоа 72 отсто, додека КФОР ужива поддршка од околу 60 проценти. Пожарникарите уживаат поддршка од 57 отсто, полицијата – 42, додека најнезадоволни се од работата на Царината – 29, Еулекс – 22 и Агецијата за борба против корупцијата 13 проценти.

Извршниот директор на Центарот, Флориан Ќехаја, изјави дека програмата „Косовски барометар на безбедниста“ има за цел мерење на перцепцијата на граѓаните во врска со инситуциите од областа на безбедноста и правосудството, полицијата, безбедносните сили, Агенцијата, Еулекс, КФОР, судовите, обвинителството и слично.

Тоа е прва анкета која ја спроведува некоја инситуција и невладина организација поврзани со мислењето на граѓаните за разговорите со Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија