СДСМ: Здравствениот систем е во колапс, итно е потребна нова реформска Влада!

Од:

„Затворањето на одделенијата за Пулмологија со ендокринологија и Општа и ургентна хирургија, поради недостиг на медицински кадар, за жал, е првата конкретна последица од блокирањето на демократските процеси и формирањето на нова реформска Влада. Здравството е во колапс, а ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи демократските процеси.

Доколку денеска имаше нова реформска Влада, ќе се решеше проблемот со кадарот во болницата 8-ми Септември и таа немаше да има затворени одделенија и ќе работеше во полн капацитет. Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ги спречуваа демократските процеси, денеска веќе ќе се разгледуваше предлогот за зголемување на платите на лекарите и специјализантите, а лекарите ќе беа ослободени од дополнителни административни обврски на работното место и ќе се посветеа на лекувањето.

ВМРО-ДПМНЕ десет години го уништуваше здравството и тоа уништување продолжува и денес, кога како опозиција ги кочи промените кои треба да донесат квалитетно и достапно здравство и подобар живот за сите. Македонија не смее повеќе да си дозволи да остане без нова реформска влада за која гласаа мнозинството граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците