Традиционална „Априлијада“ во Велес

Од:

По повод претстојниот празник на шегата први април, денеска во Младинскиот парк во Велес се одржа традиционалната „Априлијада“. Манифестацијата и годинава ја организира Општина Велес во соработка со основните училишта од Велес и околните населени места и градинките од Велес.

На плочникот во Младинскиот парк и овојпат на сцената продефилираа дечињата преправени во најразновидни костими и маски од бајките и цртаните филмови изработени од децата, наставниците и родителите или купени во продавниците за играчки.

Како што изјавија од службата за информирање на Општина Велес, целта на манифестацијата и годинава е децата подобро да се запознаат и дружат.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски