Зградата на поранешната команда на АРМ во Кичево премина во сопственост на Општината

Од:

По две и пол децении, објектот на поранешната команда на гарнизонот на АРМ во Кичево премина во сопственост на локалната самоуправа.

Објектот, кој во последната деценија му беше отстапен на Министерството за образование, е во руинира состојба и за да биде употреблив потребно е да се вложи голема сума пари. Во него треба да биде сместена општинската администрација.

– За реконструкција на објектот е подготвен нов проект, а за пообемните градежни зафати што ќе следуваат, ќе се консултираме и со Институтот за земјотресно инженерство од Скопје. Реализацијата на овој проект ќе оди во повеќе фази, по што општинските служби конечно во целост ќе се сместат под ист покрив, а не како досега да бидат распоредени во повеќе објекти низ градот, истакна градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он