Со трите натпревари кои ќе се играат денеска ќе биде отворено претпоследно 29.коло во кошаркарската Евролига.
На две кола до крајот останува само дилемата, која ќе биде осмата екипа која ќе обезбеди пласман во плејофот. За последното слободно место ќе се борат белградска Црвена звезда и Дарушафака од Истанбул, во ситуација во која „црвено-белите“ имаат победа повеќе, но во последното коло ќе му гостуваат на директниот ривал.
Двојките за оваа рунда се:
Денеска:
19:00 часот Анадолу Ефес – Олимпијакос,
20:45 Бамберг – Дарушафака,
21:00 Барселона – Макаби..
Утре:
19:00 часот Црвена звезда – Уникс Казан,
19:00 Галатасарај – Басконија,
19:00 Жалгирис – Армани Милано,
20:45 Панатинаикос – ЦСКА Москва,
21:00 Реал Мадрид – Фенербахче.
Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 21-7, Олимпијакос 19-9, Фенербахче 17-11, Панатинаикос 17-11, Анадолу Ефес 16-12, Басконија 16-12, Црвена звезда 15-13, Дарушафака14-14, Жалгирис 13-15, Барселона 11-17, Бамберг 10-18, Галатасарај 10-18, Макаби 10-18, Уникс Казан 7-21, Армани Милано 7-21.