Тимоние: Што побрзо да се најде решение за политичката состојба

Од:

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние денеска во Битола изјави дека очекува што поскоро да се реши политичката ситуација во која се наоѓа Македонија.

– Политичката состојба во Македонија во моментов наликува на изгребана плоча и не сакам да додадам уште една изгребана плочка на тоа што веќе е. Посакувам што побрзо да се излезе од оваа состојба затоа што македонскиот граѓанин сака да види излез од оваа ситуација бидејќи светот не чека, истакна Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање.

Амбасадорот Тимоние, кој во Битола се обрати на форумот „Европските перспективи за локалната самоуправа“, посочи дека Француската амбасада има тесна соработка со Секретаријатот за европски прашања и оти Франција назначила технички експерт кој работи во рамките на СЕП за да помогне за што поголема искористеност и пристап до ЕУ-фондовите.

– Но за тоа е потребна влада што ќе ја спроведува потребната динамика, а административната празнина што постои во моментов, не ни помага во работата, нагласи францускиот амбасадор Тимоние.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски