Истекува рокот за доставување податоци од фирмите кои тргуваат со земјоделски производи

Од:

До 31 март правните лица регистрирани за трговија и преработка на земјоделски производи треба да ги достават податоците за планираниот откуп оваа година и за купеното лани.

Казната за неисполнување на оваа законска обврска е 1.500 евра.

– Истекува рокот за доставување податоци од фирмите кои тргуваат и преработуваат земјоделски производи. На почетокот на секоја година тие мора да пријават колкави количества храна ќе купуваат од земјоделците, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, откуп на земјоделски производи може да вршат само правни лица кои се регистрирани за трговија и за преработка во Министерството.

– Триесет дена пред почетокот, трговецот мора да го пријави и местото каде што се наоѓа откупниот пункт заедно со истакнати откупни цени. Продажбата, исто така, мора да се врши со писмен договор меѓу купувачот и земјоделецот. Фирмата што купува мора да има објекти и опрема за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производи. Доколку нема сопствени, пунктовите кои ги користи откупувачот мажат да бидат позајмени или закупени, објаснуваат од Министерството.

Во МЗШВ се регистрирани околу 700 правни лица кои се занимаваат со оваа дејност.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади