Никола Старџен: Покренувањето на процесот за Брегзит е скок во темнина

Од:

Одлуката на премиерката Тереза Меј за започнување на процесот на Брегзит, со отворањето на членот 50 од Лисабонската спогодба на ЕУ, претставува скок во темнина, изјави во Глазгов шкотската прва министерка Никола Старџен.

Нејзината реакција доаѓа откако британскиот амбасадор во Унијата му го предаде писмото од Меј на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со кое официјално ја известува ЕУ дека Британија се повлекува од членството.

Меј денеска во Долниот дом на Парламентот во Лондон порача дека овој „историски момент“ ќе придонесе за единство на земјата.

Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и прв министер Старџен, меѓутоа, возврати дека премиерката Меј и девет месеци по референдумот за ЕУ, „се уште нема одговорено на основните прашања, за тоа што, всушност, значи Брегзит“.

Во посебна изјава за Би-Би-Си/Скотланд, таа изразила надеж дека процесот на Брегзит „добро ќе се одвива“ но и стравување, што сето тоа ке им донесе на обичните луге.

-Излегувањето од ЕУ за многу луѓе и сега создава многу загриженост- рекла Страџен.

Во понеделникот, таа уште еднаш се сретна со Тереза Меј, но медиумите известуваа дека средбата поминала во „ладна атмосфера“ и дека разликите околу Брегзит и новиот референдум за независниост на Шкотска, останале и понатаму големи.

На само 24 часа пред Меј да го испорача писмото за Брегзит за 27-те членки на Унијата, пратениците на шкотскиот Парламент во Единбург, изгласаа започнување на процесот за нов референдум за отцепување и независност на Шкотска.

СНП и Старџен сакаат референдумот да се одржи на есен идната година, или на пролет во 2019.

Владата во Лондон, која треба да даде согласност за новото изјаснување за идниот статус на Шкотска, објави дека целиот процес ќе остане блокиран, до завршувањето на преговорите за Брегзит, со ЕУ.

Тие се очекува да почнат во мај, по вториот круг на француските избори, или во првата половина на јуни и да траат до октомври 2018 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска