Советот на Европската унија истакнува дека напредокот во преговорите со Црна Гора ќе биде проследен со напредокот кој оваа земја го остварува и подготовките за пристапување, вклучувајќи ги обврските во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како и напредокот постигнат во остранувањето на слабостите, кои се идентификувани во мислењето на Европската комисија.
Советот позитивно го оценува напредокот кој Црна Гора во текот на минатата година го постигна, вклучувајќи го и јакнењето на парламентот, законодавството, антикорупциските политики, човековите права и јакнењето на правата на малциснките заедници.
Црна Гора да продолжи да ги спроведува обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијалицја и да игра конструктивна улога во регионот. Поради тоа Црна Гора треба да продолжи со напредокот кој досега го постигна. Се препорачува таа посебно внимание да посвети на јакнењето во областа на владеењето на правото со цел спроведување на долгорочните реформи кои се однесуваат на борбата против организираниот криминал и корупција, се наведува во извештајот на Советот на Европската унија.